МВР со детали за пожарот во Гевгелија – изгореа неколку станови – позната причината за избувнување на оганот


Вчера во 12:00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето.

Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1