МВР со детали за пожарот во владата


Локализиран е пожарот што изутрината околу 9 часот избувна во зградата на Валдата. Се запалила фасадата, при што пожарот зафатил дел од електричната инсталација.pozhar-vo-vlada-193396

МВР соопшти дека пожарот избувнал при изведување на градежни работи при поставување хидроизолација на кулата со број 4 на зградата на Владата дошло до запалување на фасадниот дел. Според командантот на Скопската против пожарна единица, Благоја Менковски направена е незначителна материјална штета и нема повредени бидејќи тој дел од објектот сe уште се реновира.

На гаснење на пожарот дошла екипа со шест противпожарни возила и многу бргу го изгасиле оганот. Пред десетина дена фасадата на Владата беше гранатирана и одговорноста ја презема извесна радикална групација НОА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1