Во 14 часот и 36 минути во ЕИК Скопје било пријавено дека две непознати лица со две возило дошле на улицата „Фуштанска“ и започнале расправија со 27-годишниот Г.Б. по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон него, нанесувајќи му прострелна рана во десната надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.
По настанот лицето кое пукало избегало, а повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Момчето се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.