Вчера околу 17,30 часот во Скопје на ул.„Христо Татарчев“ случена е сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП бр.24 и ПМВ„Рено 19“ со скопски регистерски ознаки управувано од Никола С.(30).
-Во незгодата на самото место починале возачот и сопатникот Љупчо С.(30) од Скопје додека со телесни повреди се здобиле пет патници од автобусот и истите биле пренесени во ГОБ„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.