Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот.
Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.
Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини.
Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.