Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи заопасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29.07.2020г. Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали.(https://bit.ly/31fywxw) .
Клучни информации од Извештајот:
1. Обезбеден е висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.
2. За преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер Екоцентар 97, Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа:
– Потпишани се договори со правен субјект-Инсенератор (печка за палење отпад) од Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany)
– со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција (Curium S.A.S., Montagny, France).
– и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ.
3. Планираната посета на инженерите од Curium од Франција и Италија која што требаше да се реализира во втората седмица од месец март 2020 година, мораше да биде одложена поради глобалната пандемија од COVID-
19 вирусот со која што беше зафатена и нашата земја и затварањето на граничните премини.
4. Исто така, набавени се и веќе се пристигнати 2 (две) цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на Винил Хлорид Мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација – Инсенераторот во Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany).
5. Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период.