Нѐ очекува „тажен понеделник: Зошто неделата пред нас ќе биде најдепресивна?


Со поместувањето на стрелките на часовникот, добивме еден час повеќе спиење. Статистиките покажуваат дека еден ден по преминот на летно од зимско сметање на времето, бројот на инфаркти во светот се зголемува за 52 отсто, додеа по преминот на зимско сметање на времето, тој број се намалува за пет отсто.

Едно истражување спроведено во Индијана, САД покажало дека и покрај тоа што оваа пракса на зимско сметање на времето е воведена за намалување на потрошувачката на електрична енергија, луѓето повеќе користат клима-апарат, па потрошувачката е, всушност, зголемена.depresija

Меѓутоа, иако добиваме „продолжен“ викенд со еден час повеќе за спиење, стручните лица предупредуваат дека понеделник ќе биде најдепресивниот ден во годината, а веќе го најавија и како „тажеб понеделник“.

– Се поклопуваат почетокот на работната недела, студеното време, промената на биоритамот и промената на часовникот. Луѓето нема да сакаат да станат од кревет, а не пак да бидат продуктивни на работа – велат од Светската здравствена организација, додавајќи дека повеќето луѓе таквото мрзоволно расположение ќе ги држи цела недела откако се смени времето, иако тоа е воведено за луѓето да бидат уште попродуктивни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1