На Ѓоковиќ му е поништена визата за Австралија


Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“.

Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката.

– Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по налогот на Федералниот и Окружниот суд согласно кој од 10 јануари е поништена претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија, објасни Хок во соопштение.

Се проценува дека сѐ ќе треба да се заврши во следните 72 часа, бидејќи Австралија опен почнува во понеделник.

Ѓоковиќ засега нема да заврши во притвор во Австралија, туку мора да се појави на интервју со службените лица на царина,а ќе остане слободен и при останатите евентуални правни постапки.

Претходно се споменуваше дека притвор може да следи како последица на одлуката на министерот Хок, но очигледно тоа нема да се случи, а наскоро ќе дознаеме дали Србинот ќе остане или ќе биде депортиран од Австралија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1