На 1 јуни Србија ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште 3 земји од окружувањето, дознава Блиц.рс.
Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора.
Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.
Одлуката е донесена најмногу заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои циркулираат меѓу тие 3 земји.