Австралијанка која никогаш не стапнала на лудиот камен, на 103 години ја пронашла љубовта на својот живот.
Светиските медиуми ја пренесоа роматичната приказна за љубовта на 106-годишната Марџори Хемед и 33 години помладиот Гевин Крофорд, двојка, за која пријателите велат дека се како заљубени тинејџери кои не можат да ги тргнат рацете и очите еден од друг.
„Ние сме како една личност. Се согласуваме како стари пријатели, и разликата во годините не ни претставува проблем“, вели Марџори.
Гевин го тврди истото, и додава дека таа во неговиот живот донела радост:
„Сфативме дека животот е премногу краток за да не уживаме во него во потполност“.
Сепак, од венчавка нема да има ништо, бидејќи и едниот и другиот се согласуваат дека им се допаѓа „животот во грев“.
Тие се и стари романтичари, кои се запишани како најстариот пар на светот кој се бакнал на Бларни Стоун во Ирска, после долгиот прекуокеански пат.