НА 22 ДЕКЕМВРИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ НА ХОНОРАРИ


Законот за плаќање придонеси на хонорарите ги крена на нозе граѓаните и синдикалните организации и здруженија. Преку протест ќе се обидат да ја врзаумат власта да ја повлече одлуката, бидејќи како што велат, таа сериозно ќе им ги намали и така нередовните приходи. Дел од синдикалните здруженија кои цврсто застанаа во одбрана на хонорарците, се соменваат дека идејата на власта е на овој начин да отпочне нов бран бришење невработени од листата, пишува Телма.

Denari

Според синдикатите, со плаќањето придонеси, хонорарците дополнително се дикриминираат. Им се наметнува обврска што ја имаат вработените, а не ги уживаат правата од редовен работен однос, како што се К-15 или годишен одмор. Синдикалците порачаа дека оваа одлука е на исто ниво со законот за мобинг.

Синдикатите советуваат наместо да се плаќаат придонеси на хонорарите, да се доснесат законски измени со кои на работодавците ќе им се одземе можноста да вработуваат на определено работно време.  Ги повикаа властите и во овој случај задолжително да ги земат предвид меѓународните конвенции, и меѓународните правила и прописи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1