ТАВ: Проверете кои летови од Скопје се откажани поради маглата


Поради густата магла, откажани се неколку летови од скопскиот аеродром, а дел од нив се и пренасочени.

aerodrom magla

– Поради густата магла што денеска го зафати скопскиот регион, неколку авиокомпании одлучија да ги откажат или да ги пренасочат своите летови од скопскиот кон други аеродроми, додека одреден број се одложени. Како и досега, „ТАВ Македонија“ ги советува патниците да ја прегледуваат интернет-страницата http://skp.airports.com.mkкаде што се објавуваат последните информации за состојбата на летовите или, пак, да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите. Временските услови се следат постојано и сите евентуални промени ќе бидат објавени на веб-порталот на „Александар Велики“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1