На 25 години срцев удар – Откриена причината за смртта на познатата блогерка од Босна


Есада Окиќ од Босна и Херцеговина, на социјалните мрежи позната како Терс Босанка, почина на 25 години минатата сабота. Погребана е во понеделникот во населбата Нови Милјановци.

Причината за смртта е срцев удар.

Во меѓувреме се дознало и дека Есада била кратко мажена, како и дека нејзиниот сопруг бил скршен од болка.

Нејзините роднини се потресени од нејзината смрт со оглед на тоа дека истата вечер кога починала објавила фотографија на својот Инстаграм профил.

Есада инаку завршила студии на Комуникацискиот факултет во Истанбул, па во текот на студиите основала невладина организација, волонтирала во разни невладини организации и предавала англиски јазик. Поради нејзиниот талент за фотографија ја угостил и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во 2016 година како претставничка на БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1