ВИДЕО: Моралес слета во Мексико – „Куќата ми е уништена, ми го спасивте животот, сакаа да ме убијат“


Авионот во кој се наоѓал поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес слетал во Мексико, а на аеродромот о дочекал министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрар.

Со Моралес допатувал и поранешниот претседател на Боливија. Претходно Ебрар соопштил дека авионот со поранешниот претседател на Боливија, го напуштил воздушниот простор на Боливија.

Ебрар нагласил дека според постоечката меѓународна конвенција, Моралес се наоѓа под заштита на Мексико.

„Неговиот живот и здравје не се во опасност“, додава министерот.

„Мексико ми го спаси животот затоа што бев мета на атентат“, рекол Моралес додавајќи дека куќата на неговите сестри, како и неговата резиденција се демолирани.

Додал дека не планира да се откаже од политиката.

Да потсетиме, претседателот н Боливија, Ево Моралес поднесе оставка на 10. ноември откако на тоа го присили војската минатата недела поради спорните избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1