На Клиниката за Уво, нос и грло имаат цела “колекција” од предмети кои ги извадиле од пациентите. Од зрна грав, кикиритки, шрафови, игли, обетки…
На 30 годишен пациент од Скопје, лекарски тим од Уво, нос и грло му извадиле даска од глава. При цепење на дрва отскокнало парце и се забило над синусите кај пациентот. Ниту матичниот ниту останатите лекари кои го третирале не приметиле дека има туѓо тело во главата.
Тоа не го покажала ниту снимката направена на комјутерска томографија. Го лекувале со антибиотици но кога состојбата се влошила и добил гнојна рана пациентот завршил на уво, нос и грло. Таму биле изненадени кога виделе колкава даска имал пациентот во глава. По хируршката интервенција е во добра здравствена состојба.
Извор – Здравство24.мк