Во Тајван, маж починал од срцев удар, откако во интернет кафе три дена играл видео-игри без пауза. Лекарите потврдиле дека тој починал од исцрпеност.
Инцидентот се случи во градот Каошинг каде што човекот на возраст од 32 години е пронајден како неподвижно седи на стол.
Персоналот и другите гости во кафеаната помислиле дека човекот заспал од замор, бидејќи главата му била потпрена на маса. Меѓутоа, тие наскоро видле дека не дава знаци на живот.
Лекарите велат дека немало знаци на физички повреди и дека тој најверојатно починал од срцев напад.
– За смртта на несреќниот гејмер придонела ниската температура и исцрпеност – изјави шефот на полициската станица во градот.
Ова не е прв случај на смрт поради видео-игри. Во Тајван, еден маж почина откако пет дена не станал од пред компјутер.