На 42 години првпат доживеала оргазам: Ова бил проблемот


Многу жени се мачат за до доживеат оргазам – пробуваат различни пози, се обидуваат со мастурбирање и реквизити, но едноставно не им успева.

Истиот проблем го имала и 45-годишната жена која сакала да остане анонимна, но и да ја реши најголемата женска заблуда поврзана со сексот.

Ова е нејзината исповед:seks

„Невиноста ја изгубив на 19 години со тогашното момче и бев разочарана од искуството. Со желба да истражувам, спиев со уште неколку момчиња, но никогаш не доживеав оргазам. За жал, тоа се продолжи и во 20-те и траеше и во 30-те години.

Ниту едно сексуално искуство не ми донесе ништо прекрасно, се разбира, ниту оргазам. Тогаш се одлучив да не спијам со никој додека не се омажам и така и беше – се венчав на 36 години и се надевав дека сексот во бракот ќе биде нешто сосема поинакво и подобро.

Додека имавме секс, мојот сопруг беше трпелив и упорен да открие што ми одговара и да ми овозможи оргазам, но не успеа. Така ми поминаа неколку години во сексуален мрак и одлучив дека е време нешто да преземам.

Посетив гинеколог и му го раскажав мојот проблем, а потоа по негов налог ми земаа крв. На крајот излезе дека се работи за премногу ниско ниво на тестостерон и дека заради тоа моето тело не е во можност да доживее оргазам. Гинекологот ми откри дека ова е многу чест проблем кај жените, но ретко се открива затоа што тие не му придаваат доволно голема важност.

Тој ми препорача хормонска терапија и гледање порно филмови и го послушав. За само 1 година почувствував благо подобрување, но и понатаму не искусив оргазам.

По 2 години, искрено не знам како се случи, но со сопругот имавме секс цели 45 минути, што се случуваше ретко. Тогаш конечно го открив врвот на задоволството – во својата 42-ра година.

Тоа е како некој да ви објаснува каков е вкусот на чоколадото. Но, додека не пробате немате никаква претстава.

Мило ми е што после 23 години секс, конечно почувствував што значи оргазам.“

Оваа жена им препорачува на сите останати во светот кои не можат да постигнат оргазам да си го проверат нивото на тестостерон, затоа што оргазмот е чувство кое мора да го доживеете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1