Анегрет Рауник, учителка од Берлин која има 65 години, родила четворки, јавија германски медиуми. Како што јави германската телевизија РТЛ, таа со царски рез донела на свет три девојчиња и едно момче.
РТЛ известува дека четирите новороденчиња имаат големи шанси да ги преживеат евентуалните компликации, со оглед на тоа дека се родени во 26-та недела од бременоста.
Рауник пред да отпатува во странство на вештачко оплодување, веќе имала 13 деца.
Лекарите ја критикуваа нејзината одлука доведувајќи во прашање дали нејзиното тело ќе биде физички во состојба да ја изнесе бременоста.