Претседателот на нафтената компанија ТОТАЛ, Кристоф де Маржери и тројца членови на екипажот синоќа загинаа во авионска несреќа на московскиот аеродром Внуково.
Францускиот нафтен гигант Тотал ја потврди смртта на шефот на компанијата. На местото на несреќата се наоѓа шефот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин. Истражниот комитет ќе излезе со официјална информација за несреќата во текот на денешниот ден. Француското биро за истрага на авионски несреќи испрати во Москва свои експерти за да ги разгледаат околностите околу авионската несреќа во која загина шефот на концернот Тотал.
Во авионот од марката Дасо Фалкон се наоѓале четворица – де Маржери, двјца пилоти и стјуардеса. Дe Маржери се враќал од Москва за Париз после состанокот на Кoнсултативниот совет за странски инвестиции на премиерот на Русија Дмитри Медведев.