Група атеисти од градот Акрон, во сојузната американска држава Охајо, поднесоа барање до Федералниот окружен суд за отстранување на фразата In God We Trust (Во Господ веруваме) од банкнотите на доларот.
„Фразата In God We Trust претставува директно кршење на уставните одредби за одделеноста на црквата од државата“, го цитира порталот World Religion News текстот од судското барање.
Во тој случај, доколку судот застане на страната на 41-от тужител, спомената фраза ќе мора да биде отстранета од американските банкноти. Тужителите ја повеле својата иницијатива мотивирани од тоа што „тие се принудени секој ден да ги држат во рацете банкнотите на коишто се споменува Господ и самото тоа подразбира негово влијание во финансиските операции“, иако тие по своето убедување се „секуларни хуманисти“.
Овој случај, според написите во американските медиуми, не е прв во судската практика во САД. Имено, една група граѓани своевремено поднесе тужба против американската влада со барање да се отстрани при положување на заклетвата за верност на земјата „во името на Бога“.
Од своја страна, од Центарот за прашања од правото и правосудството на евангелистичките христијани, за медиумите одговориле дека споменатата тужба претставува „обид за бришење на изразите поврзани со верското наследство на Соединетите држави“.