Со плинските боци дома внесувате бомба – купувајте само боци со жиг


Плински боци, како и боци за технички гасови, да се купуваат само од овластени полнилници, а не и од бензински пумпи, каде боците се полнат како автомобилите, апелираат од надлежните, откако се случија неколку несреќи во домаќинствата.plinska-boca-ina-ili-nis_slika_O_6492025

Боците треба да се купуваат од овластени полнилници, бидејќи таму се врши контрола на исправноста на боцата, таа се чисти, се полни под соодветен притисок, што гарантира висок степен на безбедност, треба да се внимава и како боцата се поврзува, дали е исправно цревото, боцата да е далеку од извор на топлина.

Боци кое се одобрени од надлежни овластени инспекциски тела имаат жиг, а оние што немаат жиг нема да може да се користат.

Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект – причината била токму неисправната или дотраената нејзина состојба.

Огромен безбедносен ризик за граѓаните претставува дистрибуцијата на гас во плински боци на кои е истечен техничкиот рок за употреба, кој трае само 5 години. А посебен проблем е нивното полнење на пумпите за авто-гас со помош на адаптери. Кога на ваков начин се полнат боците по десетина пати, тоа е веќе темпирана подвижна бомба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1