Цеца после 10 години призна зошто била во затвор


Светлана Цеца Ражнатовиќ беше апсена, лежела во централен затвор, а потоа и во куќен притвор. Многумина ја напаѓаа, но таа се бранеше со молчење. Кога ја прашале поради што била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата било најдено оружје од нејзиниот сопруг, Цеца изјавила дека тоа е стара приказна.ceca-zatvor

-Не сакам да се навраќам на тој период и времето кое ми донесе само страдања. Ретко коментирам се што тогаш преживеав. Не правев скандал во медиумите и можеби тоа е мојата грешка. Да бев погласна и да се бранев од секакви напади можеби подобро ќе поминев во животот и немаше да ми лепат секакви етикети. Мојата агонија траеше десет години и ден денес некои работи не ми се јасни – изјавила Цеца.

Познато е дека Цеца и Жељко биле пријатели со Ружица и Зоран Ѓинѓиќsvetlana-ceca-raznatovic-2-830x553-copy-620x350-520x294

-Ние бевме блиски пријатели, Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на Маракана првото цвеќе го добив токму од Зоран и Ружица. И после смртта на Жељко, Зоран и јас бевме во одлични односи. Тој беше првиот кој дојде да ми изрази сочувство. Ми кажа:„Ајде заедно да тргнеме против Милошевиќ и да го тргнеме од власта“. Јас го одбив. Со политика никогаш не се занимавав и воопшто не ме интересира. А тогаш се случи атентатот врз Зоран и сите ние многу загубивме со неговата смрт – појаснува Цеца.

Пејачката појаснила дека била уапсена поради затајување данок

-Тоа се случуваше во времето на ембарго кога единствено беше можно да се плаќа во кеш. Казнета сум поради трансфер кој дојде во кеш и е прокнижен на мое име. Затоа ја плаќам казната, а не поради затајување данок, бидејќи тие сметаа дека јас имав лична корист. Секој динар кој дојде од фудбалерите е вложен во Обилиќ што е и евидентирано, па не падна онолкав стадион од небо – изјавила Цеца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1