Во Македонија,Бугарија и воопшто балканот најтопло ќе биде во крајот на месец јуни и во месец август. Тогаш ќе има и голема опасност од пожари.
Една од најпознатите светски метеоролошка агенции AccuWeather објави прогнозите за ова лето Македонија , заедно со останатите балкански земји – Бугарија , Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија, Грција и Турција ќе биде зафатена од најголемите горештини за последните години.
Заедно со тоа од AccuWeather предвидуваат и голема суша. Слична прогноза има и за Италија. За разлика од Балканот, каде што речиси нема да има дождови, во Велика Британија и Ирска се очекуваат многу врнежи. Истата прогноза се дава и за Германија, Франција и Полска, каде ќе има и грмотевици.
“Горештините од ова лето на Балканот може да се покажат и едни од најголемите во последните години”, рече познатиот метеоролог AccuWeather Ален Пеперт. Според него, во Макеоднија најтопло ќе биде во крајот на месец јуни и во месец август. Тогаш ќе има и голема опасност од пожари