На Балканот тешко се плаќа кредитот


Најлошо од балканските земји стои Србија, со нефункционални заеми од над 18 отсто, според податоците за првата половина од годинава, што сепак значи подобрување во однос на лани, бидејќи на крајот од 2012 лошите банкарски пласмани заземаа 20 отсто од вкупното кредитно портфолио на банките кај нашиот северен сосед.

pari evra 1И во Словенија и во Хрватска нефункционалните заеми зафаќаат околу 15 отсто. А во Македонија проблематичните заеми, иако почнаа благо да се намалуваат, тие и натаму држат високо ниво, или 11,51 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава.

Гувернерот Димитар Богов смета дека во Македонија лошите заеми го достигнаа пикот во јуни, сега тие паѓаат, а тој верува дека овој тренд ќе продолжи поради заздравувањето на домашната економија и на европската.

Ако е за утеха, Македонија е на последно место од земјите во регионот според нивото на нефункционални кредити од 11, 5 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава. Но, како бројка кога ќе се слушне дека банките имаат ненаплатени заеми од околу 422 милиони евра, тогаш оваа сума воопшто не е за занемарување. Кај населението помал е процентот на лошите кредити и тој изнесува 6,9 проценти, а кај компаниите 14,9 проценти. Просечниот пораст во однос на лани е еден процент. Кај населението на 31 декември нефункционални биле 7,1 процент, а кај фирмите 12,5 проценти.

Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1