Автомобил удри во баба и две внуки – 2 годишно девојче на Ургентен


Двегодишно девојче од тетовското село Брвеница е повредено во тешка сообраќајка што се случи утрово околу 9 часот на влезот од селото.

policija srednaАвтомобил „Лада”со тетовски регистарски таблички управуван од 58-годишниот С.С. од Брвеница удрил во 50-годишната баба која со двете внуки се движела во спротивна насока, пренесува Кајгана.мк.

Најсериозно е повредено двегодишното девојче кое било во детска количка и е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, додека бабата и тригодишна сестричка поминале со полесни телесни повреди. Двете се згрижени во тетовската болница, а двегодишното девојче е пренесено во Ургентен центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1