На бебе отстраниле тумор во мозокот а во него пронашле заб!


Четиримесечно бебе од Мериленд  имало заб во мозокот, како резултат на специфичен и редок вид на тумор во мозокот.

Лекарите се посомневале дека нешто не е во ред со бебето откако главата му растела побрзо од вообичаеното за едно дете на таа возраст. Снимката од мозокот покажала дека станува збор за тумор во кој можела да се види некоја структура слична на заб.

BEBE zab2

Бебето било оперирано за туморот да му биде отстранет од главата. Во него бил пронајден целосно формиран заб!

По анализите, лекарите утврдиле дека детето имало редок облик на тумор на мозок – краниофарингиом, кој може да достигне големина на топче за голф, но не се шири повеќе од тоа.

“Немате можност секој дена да видите заб во тумор”, изјавил Бити за Live Science. “Од секогаш се знаело дека краниофарингиомот содржи наслаги од калциум, но кога во него ќе пронајдете заб – тоа е веќе нешто друго”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1