Во одделот за новороденчиња во една болница на Филипините се случил скандал откако Рајан Новал објавил фотографија од својот син стар само пет дена, кого медицинските сестри го замолчиле залепувајќи му ја устата со селотејп.
Таткото на својот Фејсбук профил го изразил својот бес и негодување поради оваа свирепа постапка на медицинскиот персонал, кој повеќе не можел да го поднесува плачењето на неговото дете. Рајан фотографијата ја објавил на социјалните мрежи и напишал: “Ова нема врска со професионалност и хуманост”. Тој појаснува дека кога неговата сопруга Јасмин побарала објаснување за оваа постапка на медицинските сестри добила објаснување: “Вашето бебе плачеше прегласно, па му ја залепивме устата”. Кога мајката ја замолила сестрата да ја одлепи лентата, таа нагло ја повлекла и го повредила устето на новороденчето.
Управата на болницата, наводно, започнала истрага откако родителите поднеле жалба.