На Богородица и на Дојран се чека по еден час за влез во Грција


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Дојран, каде чекањето за излез е околу час, се наведува во денешната информација објавена на веб страницата на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

Од вчера се применува времен режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1