На „Богородица“ се чека и по еден час – Македонците на викенд


На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, каде чекањата се од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања, информира АМСМ.

Состојбата е очекувана, бидејќи продолжениот празничен викенд многумина од земјава ќе го искористат за сончање и капење на морските плажи во соседството, а некои од нив и порано го почнале одморот, спојувајќи го со викендот.

granica guzva bogorodicaЗа потребите на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци се врши геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува крајно внимателно управување со возилата поради присуство на работници на патот.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1