Поевтино парно греење за скопјани


Скопјани од денеска ќе плаќаат поевтино парно греење. Цената за потрошена топлинска енергија за потрошувачите приклучени на „Балкан енерџи груп“ – БЕГ од денеска е пониска за 2,82 отсто, за корисниците на Скопје-Север за 2,12, а на ЕЛЕМ Енергетика за 0,54 отсто.

radijatorРегулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на седницата што се одржа во вторникот ги потврди пресметките за намалување на цената на топлинската енергија за БЕГ и за Скопје-Север, утврдени на подготвителната седница, а  првично предложеното намалување за „ЕЛЕМ Енергетика“ од 0,71 го намали на 0,54 отсто.

Со одлуката на РКЕ се менува и фиксниот надомест што го плаќаат исклучените корисници од системот на топлинска енергија. Така корисниците од најголемиот снабдувач БЕГ од денеска ќе плаќаат 1.037, наместо досегашните 893 денари за ангажирана топлинска моќ по киловат годишно. Исклучените корисници од снабдувачот Скопје-Север, пак, ќе плаќаат по 1.055 денари за киловат ангажирана моќност годишно, додека кај „ЕЛЕМ Енергетика“ нема корекција на цената.

Следната корекција на цената на парното ќе биде  на 1 август 2014 година, доколку компаниите во текот на годината немаат зголемување на трошоците поголемо од пет отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1