Сликајте го Дојран и Eзерото – наградата е 20.000 денари


Општина Дојран денеска објави конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Дојран и Дојранско Eзеро.

dojranПристигнатите фотографии, кои не треба да бидат постари од 5 години, ќе ги разгледува специјална комисија формирана од општината која ќе го направи и изборот на фотографиите кои ќе добијат парични награди од 20.000 денари за прво место, 10.000 за второ и 5.000 денари за трето место, додека 10 фотографии општината ќе откупи по 2.500 денари.

Општина Дојран го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во комерцијални цели, но и да организира изложба на фотографиите во еден од своите културни центри.

Конкурсот ќе трае 30 дена,поточно до крајот на туристичката сезона,а фотографиите треба да се испраќаат на адреса на локалната самоуправа во Дојран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1