На Бугарка ѝ е иззваден тумор тежок 23 килограми


Бугарските хирурзи отстранија денес рак на белите дробови на една пациентка со тежина 23 килограми, со големина на дете од седум или осум години

operacijaБугарката (67) била згрижена во болница поради компликации и висока температура предизвикана од вирусот на грип. Сепак, лекарите од Универзитетската болница за гинекологија и акушерство во Софија открија дека жената на белите дробови има огромен тумор, кој ги притиска виталните органи.

“Ние го отстранивме туморот тежок 23 килограми, со големината на седум или осум годишно дете”, наведе во изјавата хирургот Божидар Славчев, пренесува АФП.

“Никогаш во текот на долгогодишната кариера не сум видел дека некој пациент толку ја запоставил својата здравствена состојба”, додаде тој.

Жената им кажа на лекарите дека 20 години знаела дека има рак, но се плашела од операцијата.

“Досега слични невообичаени случаи сме ги гледале само во медицинските книги од почетокот на минатиот век. Загрижувачки е дека и во денешно време постојат пациенти кои 20 години не биле на лекарски преглед”, изјави вториот хирург, Стефан Константинов.

Жената по операцијата изгуби една третина од поранешната тежина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1