На човек од Демир Капија му предложиле лек за сиромаштијата – продај го бубрегот


Ми предложија да си го продадам бубрегот. Со тие пари ќе има за живот и да си ги плаќам сметките.

Ова го раскажува 46 – годишниот Драган Коцев од Демир Капија. Бил вработен во „Македонски железници“, но откако останал без работа почнува неговата приказна како тежок социјален случај. Преживува со 1000 денари месечно кои ги зема како социјална помош, од нив 600 денари плаќа за кирија, а со останатите го минува месецот, јавува Телма.

DEMIRKAPIJA_KOCEV_BUBREGАргатува секаде каде ќе го викнат иако е со нарушено здравје. Имал неколку операции, чукнал на многу врати, барал  помош на многу места а еднаш добил и чуден предлог.

–И` кажав, имав две операции од кила, и жолчка немам, и потрес имав на мозокот откако ме удари автомобил, а таа вика: не е ништо. Јас можам да ти кажам да одиш да се пријавиш да ти го извадат едниот бубрег, ем на пари ќе лежиш, ем инвалидска пензија ќе ти дадат, вели Коцев.

Не сака да открие кој му го предложил тоа, но вели дека не можел да поверува дека некој ќе се обиде да побара такво нешто.Тешките  услови во кои живее уште повеќе му се влошиле откако  пред осум месеци му ја исклучиле струјата заради  застарен долг кон ЕВН од 130 евра, кои со камати станал 600 евра.

-Од 200 денари повеќе немам платено за струја, и редовно плакав. Не знам од каде излезе ваква сметката, вели Коцев.

Од ЕВН велат дека Коцев имал договор за плаќање на долгот на рати, но не го испочитувал. Не биле информирани  дека броилото е на примател на социјална помош. Велат дека ги едуцираат социјалните случаи како разумно да ја трошат струјата за да не прават високи сметки.

Погледнете го видеото на следниот ЛИНК 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1