На дедо Љубе му се суди зошто го убил крадецот што го измачувал него и жената


По две години, во Основниот суд Куманово вчера започна судењето против кратовецот што во својата куќа застрела двајца разбојници, од кој едниот го усмрти, а другиот рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат, пренесува kumanovonews.KUMANOVO_

Љубомир Митев (75) од селото Којково ќе одговара за три кривични дела, убиство во миг, убиство во обид, и недозволено држење на оружје, затоа што на 27 февруари 2013 година го уби Зоран Злаков (28) од село Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки, кои неколку часа ги измачувале со неговата сопруга за да им кажат каде ги кријат парите. Вчерашното рочиште не се одржа и се презакажа за 14 април, затоа што Љубомир не го примил обвинението и немал бранител, а не беше спроведен ни Иванов, кој одлежува казна затвор.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1