Тинејџерка добила 109,000,000 долари исплата поради опасна реакција на ибупрофенот „Мотрин“ кој и го загрозил животот. Имала големо оштетување на мозокот, а само 20 % од белите дробови и биле со капацитет да работат. Појавата на слепило и дури испаѓањето на 90% од нејзината кожа се ефекти кои се случиле подоцна.
Поротата во Врховниот суд во Плимут во Масачусетс вчера одреди „Johnson & Johnson“ и „McNeil-PPC Inc“ да и исплатат на 16 годишната Саманта Рецкис и нејзините родители 63,000,000 долари, која подоцна скокнале на 100,000,000 долари со вклучените камати.
Саманта го добила ибупрофенот на седумгодишна возраст во 2003 година, ден по Денот на благодарноста.
И покрај тоа што на почетокот, ваквиот лек не придонел за некакви негативни реакции, кај Саманта полека почнала да се развива потенцијално фатална токсична епидермална некролиза, која што ја направила целосно слепа, а предизвикало и 90% од нејзината кожа да испадне.
Според адвокатот на семејството Бред Хенри, девојчето претрпело оштетувања на мозокот до тој степен што специјалисти хирурзи, морале да и го отворат, за да го намалат притисокот. За среќа оштетувањето во мозокот биле благи и оставиле траги на краткорочно губење на меморијата.
Реакцијата исто така предизвикала оштетување на белите дробови, кои имале капацитет од само 20 %, откако претходно имало оштетување на респираторниот систем.
Семејството поднело тужба во 2007 година, тврдејќи дека Саманта била заслепена со лекот „Мотрин“ и наводно дека Johnson & Johnson не успеале да ги предупредат своите потрошувачи дека ваквиот лек може да биде опасен по живот.
Судење заврши вчера кога поротата и додели 50,000,000 долари како обештетување на Саманта и по 6,500,000 долари на секој од нејзините родители. Од компанијата не се согласуваат со ваквата пресуда и ги разгледуваат сите дополнителни правни опции.
„Семјството Рецкис доживеаа страшна трагедија, и сочуствуваме длабоко со нив“, се вели во соопштението издадено од страна на фармацевската компанија, дополнувајќи дека предупредувањето на лекот е назначен соодветно за тоа како истиот треба да се користи и дека истиот е одлично делува и претставува безбеден и ефикасен третман за помали болки и треска.
„Голем број на лекови, вклучувајќи го и ибупрофенот, биле поврзани со алергиски реакции и како што е наведено на етикетата, корисниците треба да престанат да го користат веднаш што ќе добијат алергиска реакција и да контактираат со лекар“, се дополнува во истото.
Лекарите биле принудени да ја стават во вештачка кома кога токсичната епидермална некорлиза почнала да се развива и да создава воспаление на грлото, устата, очите, хранпроводот, цревата, респираторниот и репродуктивниот систем. Токсичната епидермална некролиза е потенцијално фатална болест на кожата на слузните мембрани и очите и се карактеризира со осип што гори оштетувајќи го и надворешниот слој на кожата.
Во 2011 година, на една девојка во Пенсилванија и биле доделени 10,000,000 долари поради несакани реакции предизвикани од „Детските Мотрин“ лекови кои предизвикале губење на 84% од губење на нивната кожа, страдање и оштетување на мозокот, како и трајно слепило.
Извор – independent