На девојче од ибупрофенот Мотрин и откажал мозокот, ослепела и и паѓала кожата – доби милионска оштета


Тинејџерка добила 109,000,000 долари исплата поради опасна реакција на ибупрофенот „Мотрин“ кој и го загрозил животот. Имала големо оштетување на мозокот, а само 20 % од белите дробови и биле со капацитет да работат. Појавата на слепило и дури испаѓањето на 90% од нејзината кожа се ефекти кои се случиле подоцна.
ibuprofenmПоротата во Врховниот суд во Плимут во Масачусетс одреди „Johnson & Johnson“ и „McNeil-PPC Inc“ да и исплатат на 16 годишната Саманта Рецкис и нејзините родители 63,000,000 долари, која подоцна скокнале на 100,000,000 долари со вклучените камати.
Саманта го добила ибупрофенот на седумгодишна возраст во 2003 година, ден по Денот на благодарноста.
И покрај тоа што на почетокот, ваквиот лек не придонел за некакви негативни реакции, кај Саманта полека почнала да се развива потенцијално фатална токсична епидермална некролиза, која што ја направила целосно слепа, а предизвикало и 90% од нејзината кожа да испадне.
Според адвокатот на семејството Бред Хенри, девојчето претрпело оштетувања на мозокот до тој степен што специјалисти хирурзи, морале да и го отворат, за да го намалат притисокот. За среќа оштетувањето во мозокот биле благи и оставиле траги на краткорочно губење на меморијата.
Реакцијата исто така предизвикала оштетување на белите дробови, кои имале капацитет од само 20 %, откако претходно имало оштетување на респираторниот систем.

motrin_ib-ibuprofenСемејството поднело тужба во 2007 година, тврдејќи дека Саманта била заслепена со лекот „Мотрин“ и наводно дека Johnson & Johnson не успеале да ги предупредат своите потрошувачи дека ваквиот лек може да биде опасен по живот.
Судење заврши по неколку годишна голгота за семејството – а пресудата според поротата е да и додели 50,000,000 долари како обештетување на Саманта и по 6,500,000 долари на секој од нејзините родители.

„Семјството Рецкис доживеаа страшна трагедија, и сочуствуваме длабоко со нив“, се велеше во нивното соопштение издадено по пресудата, дополнувајќи дека предупредувањето на лекот е назначен соодветно за тоа како истиот треба да се користи и дека истиот е одлично делува и претставува безбеден и ефикасен третман за помали болки и треска.

„Голем број на лекови, вклучувајќи го и ибупрофенот, биле поврзани со алергиски реакции и како што е наведено на етикетата, корисниците треба да престанат да го користат веднаш што ќе добијат алергиска реакција и да контактираат со лекар“, се дополнува во истото.

getdata.phpЛекарите биле принудени да ја стават во вештачка кома кога токсичната епидермална некорлиза почнала да се развива и да создава воспаление на грлото, устата, очите, хранпроводот, цревата, респираторниот и репродуктивниот систем. Токсичната епидермална некролиза е потенцијално фатална болест на кожата на слузните мембрани и очите и се карактеризира со осип што гори оштетувајќи го и надворешниот слој на кожата.
Во 2011 година, на една девојка во Пенсилванија и биле доделени 10,000,000 долари поради несакани реакции предизвикани од „Детските Мотрин“ лекови кои предизвикале губење на 84% од губење на нивната кожа, страдање и оштетување на мозокот, како и трајно слепило.

Извор – independent

Се бара забрана за диклофенак – лек за реума – предизвикува шлог и инфаркт
СТУДЕНТКА ОСТАНАЛА БРЕМЕНА ДОДЕКА БИЛА ВО КОМА ВО БОЛНИЦА ВО АВСТРИЈА – ЈА СИЛУВАЛЕ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1