На ГАК почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала Ковид-19


Родилка од Охрид синоќа почина во државна гинекологија, потвруваат од ГАК.

Лекарите веднаш утврдиле дека бебето кое го носела во стомакот веќе било мртво, а одбидите да го спасат животот на триесет и седумгодишната жена не вродиле со плод. Таа посмртно се тестира дали била заразена со КОВИД 19.

На пациентката веднаш и е направена целосна лабораторија и земен е брис за COVID-19. Лекарите оперативно го извадија плодот. По влошување на состојбата пациентката беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но, за жал во 22 часот е констатирана смрт. Причина за смртта најверојатно е сепса. Се работи за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.-Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Во меѓувреме друга родилка од Куманово за која е веќе потврдено присуство на КОВИД 19 заврши на Инфективната клиника откако се влошила нејзината здравствена состојба, а по предвременото породување во државната гинеколошка болница. Бебето е на интензивна нега, а лекарите ќе тестираат дали и кај него има присуство на коронавирусот.

-Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на одделот за интезнивна нега и терапија на ГАК. Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на респиратоена машина туку само е со кислородна хауба. На бебето ќе му биде земен брис и ќе му биде направен тест на COVID-19.-Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје

Родилките се упатуваат во гинеколошката болница во Чаир. Но оние кои имаат симтоми или се заразени со КОВИД 19 се хоспитализираат во државната гинекологија каде има изолиран оддел за ваквите пациенти, а постојат и посебни протоколи за движење…

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1