Компанијата Google, поради монополистичко однесување на пазарот иi се соочува со рекордна казна од Европската комисија во износ од три милијарди евра, а одлуката се очекува следниот месец, објави во неделата британскиот весник The Sunday Telegraph.
Кон средината на април Европската комисија ги прошири во средата обвиненијата на сметка на американскиот софтверски гигант Google и на злоупотреба на доминантната пазарна позиција на оперативниот систем Android, со што според Брисел го кочи иновацијата и ја стеснуваат можност избори за купувачи.
Европската унија го обвини интернет пребарувачот Google дека ги промовира своите продажни услуги, а на штета на конкурентските сервиси. Овој случај, инаку, се растегнува уште од 2010 година.
Неколку извори запознаени со проблематиката, во април за Reuters изјавија дека веруваат оти по три неуспешни обиди за постигнување компромис во изминатите шест години, Google веќе нема планови за нови спогодби, освен доколку регулаторите на Европската унија не ги променат своите ставови.
Според изворите на Telegraph кои, исто така, се запознаени со развојот на ситуацијата, казната би можела да биде објавена веќе во јуни, но сé уште не е дефинирано колкава ќе биде нејзината висина.
На Google, според истите извори, исто така ќе му биде забранета натамошна манипулација со резултатите од пребарувањата со коишто ги фаворизира своите услуги а на штета на конкурентите, пишува натаму британскиот весник.
Европската комисија миже да ги казни компаниите до износ од 10 отсто од вредноста на нивната годишна продажна, а тоа во случајот на Google би можело максимално да изнесува повеќе од шест милијарди евра.
Досега најголемата казна во врска со монополистичко однесување ја плати произведувачот на чипови Intel во 2009 година, и изнесуваше 1,1 милијарди евра.
Европската комисија и Google засега не ги коментираа написите во медиумите во врска со овој спор.