Откако е роден, Цукерберг заработува 4,4 милиони долари дневно


Марк Цукерберг, основачот и директор на Фејсбук, во саботата наполни 32 години, а освен роденденот имаше уште неколку причини за славење. Со богатството коешто се проценува на 51,8 милијарди долари, Цукерберг е еден од најбогатите луѓе на светот.

1.-Mark-CukerbergКога целото негово богатство ќе се подели со неговите години, се доаѓа до пресметката дека тој од своето раѓање до денес секој ден заработил по 4,4 милиони долари. Секако, постојат и други начини како да се пресмета нечија заработувачка на дневно ниво, но примерот на Марк Цукерберг зборува колку многу заработуваат гигантите на денешниот бизнис.

Според истата пресметка, Бил Гејтс, најбогатиот човек на светот, до својата 60-та година од животот, секој ден заработувал по 3,5 милиони долари. Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, секој ден заработува по 3,3 милиони долари, со тоа што неговиот дневен просек драматично се зголемил од минатата година. Интересно е што тие тројца се единствените кои секој ден од својот живот заработуваат по повеќе од три милиони.

Двојката од „Гугл“ Сергеј Брин и Лери Пејџ дневно заработуваат по 2,3 милиони долари, Амансио Ортега, основачот и сопственик на „Зара“ 2,4 милиони, а Ворен Бафет 2,2 милиони долари дневно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1