На граница во Израел ќе ви го проверуваат и email-от – ако не дадете лозинка, нема влез


Израелската внатрешна безбедносна служба Шин Бет доби дозвола на аеродромот во Израел, да бара увид во електронската пошта на странците што им се сомнителни.

no_internet

Странците можат да одбијат да соработуваат, но во тој случај нема да бидат пуштени во Израел. Електронската пошта смее да се проверува во случаите што се однесуваат на јавната или националната безбедност. Лани израелските безбедносни служби на некои странци им наложија да ја отворат својата електронска пошта на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ кај Тел Авив. Противниците на ваквите мерки велат дека мета на проверка ќе бидат муслиманите и посетителите што се вклучени во пропалестински активности.

Тоа се случи на Сандра Тамари, Американка со палестинско потекло, која е осомничена дека е пропалестинска активистка. Таа одбила да даде увид во електронската пошта и не е пуштена во Израел.

Адвокатката Маргалит од Здружението за граѓански права во Израел оценува дека во денешно време пристапот до личната електронска пошта е еднаков на пристап во најдлабоките мисли и до приватниот живот, а мерката ја смета за инвазивна и непримерена за демократска земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1