На Инстаграм дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничка од Кочани


На 08.02.2021 во ОВР Кочани, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил преку социјалната мрежа Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полициски службеници од ОВР Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презедоа мерки за расчистување на кривично – правниот настан, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле две малолетни лица на кое им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1