Секој има сон – некој собира лајкови за кученце, некој за мака и болка, некој за слава. Но едно момче со својата искреност стана хит низ медиумите во цел свет.
Тој си бара донации – пари за да си го оствари сонот – да си го купи омилениот автомобил Ламборџини Галардо. Пораката која ја напиша изгледа вака:
– Имам 20 години, живеам во Њујорк и работам во невладина организација. Студирав на одличен универзитет и ова ми е само привремена работа за да ги платам сметките, додека не најдам подобра.
Одсекогаш сакав Ламборџини, а Гелардо е мојот автомобил од соништата. Секако не можам да го купам и затоа го направив овој сајт за да видам дали непознати луѓе би сакале да ми помогнат да го исполнам мојот животен сон.