По страотната несреќа во која животот го загубија три млади лица, откако автомобилот во кој се возеа заврши во Дунав, Белград денеска го потресе уште еден хорор.
Утрово уште еден автомобил слета во Дунав, на истото место каде се случи кобната несреќа.
Патниците и возачот се повредени, а автомобилот слетал во бетонскиот дел, при што удрил и во друг автомобил.