На Иванов и Црвенковски нема да им се намалат пензионерските привилегии


Владата нема да ги раскине договорите за закуп на канцелариите на поранешните претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, како што бара Антикорупциска комисија. Според владиниот портпарол, додека не се измени законската регулатива во однос на правата и привилегиите, тие ќе постапуваат согласно постојните закони.

Владата делува во согласност со позитивните законски одредби. Доколу има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери на РСМ, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон, така и ќе се применува, изајви Муамет Хоџа – портпарол на Владата.

Поранешниот член на антикорупциската комисија, Ариф Муса вели дека ДКСК треба до крај да истражи како поранешните претседатели ги користат бенефициите, но и да се провери уставноста на Законот.

Тука фали моралниот аспект, но и да рече моралниот аспект веќе и на законодавецот, на Собранието, на поранешните претседатели да им ги овозможи сите овие бенефиции. Со мојата логика која можам да ја перципирам во моментов, велам дека би можеле да имаат одредена бенефиција додека се во пензија според Законот за пензија. Потоа, не заслужува повеќе користење на бенефиции во толку мала и сиромашна држава од економски, социјален аспект, истакнал Ариф Муса, поранешен член на ДКСК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1