Во луксузен ризорт во Африка , до смрт избодена бремена жена (ВИДЕО)


Полицијата трага по двајца мажи , кои на спиење ја избоделе до смрт Карен Тарнер (31) , додека нејзиниот сопруг го преживеал нападот.

Брачниот пар бил на одмор во луксузно одморалиште во Јужна Африка , кога во три часот по полноќ , ден откако го прославила роденденот , две лица влегле во хотелската соба и ја убиле жената , а соругот Метју (33) тешко го повредиле.

Карен , која работела како учителка во градот Андерберг , починала набргу по нападот , а не преживеало ниту нејзиното неродено бебе. Синчето, кое спиело со нив во собата , не е повредено.

Мажот бил опериран денеска во болницата во градот Питермарицбург во ЈАР.

Тие сакале да поминат неколку дена во природниот резерват Хлулека покрај морето и да го прослават роденденот на Карен.

Според полицијата , мотив за нападот не е грабеж , зашто не им било ништо украдено. Немало знаци ниту на насилно влегување , а во собата се било превртено.

Полицијата идентификувала еден од напаѓачите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1