На клинички ќе се гради хотел – за родителите чии деца се во болница


Родителите чии деца се на подолг престој во Детската клиника, а не се од Скопје, наскоро ќе имаат можност да престојуваат во хотел за родители во близина на своите деца додека се на лекување, најавуваат од Министерството за здравство. Покрај тоа што беа измачувани од грижи за здравјето на своето дете, родителите досега имаа голем проблем каде да преноќат додека детето лежи на Kлиника.

Хотелот ќе се гради во рамките на Kлиничкиот центар, поточно ќе биде дел од катната гаража чија изградба ќе почне деновиве.

bolnicaОва ќе биде вистинско олеснување за стотици родители чии деца се лекуваат на Kлиниката, а живеат во внатрешноста на Македонија, дел од нив досега спиеја кај роднини или на столче покрај децата.

Во сите поголеми европски и светски клиники во кои се лекуваат деца, постојат специјализирани хотели за престој на родителите. Вообичаено, тие се наоѓаат во кругот на Kлиничките центри и со нив управуваат хуманитарни организации. Престојот на родителите во овие хотели најчесто не се плаќа, туку го покрива здравственото осигурување на пациентот.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека станува збор за многу хуман проект.

– Иако иницијативата за изградба на хотелот е на Министерството за здравство, ние со задоволство би помогнале. Станува збор за одличен проект. За нас е многу важна грижата за децата. Повикувајќи се на странските искуства, во такви хотели се сместуваат граѓани кои не се во можност да си закупат стан или немаат друго решение за престој додека им се децата на лекување. Затоа, отворањето на хотелот има голема хумана димензија, вели Спасов.

Повеќе на – Дневник 

Ако останете со болното дете на клиника, ќе платите како во хотел 800 денари од ноќ – а ќе спиете на столче ???
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1