На која температура треба даги перете алиштата за да ги отстраните бактериите?


Перењето на 40 степени можеби не е штетно за околината, но не ги убива повеќето бактерии, тврди новото истражување. Една од четери работи испрани во машина на 40 степени, содржи фекални бактерии.

Микробилозите откриле дека една од четири работи кои се перат на 40 степени содржат трагови од бактерии кои обично се наоѓаат во фецесот. Научниците тестирале над 1000 парчиња детска облека и постелнина донирана од родителите.

masina perenje alistaПоловината од примероците ги испрале на 40 степени, а другата половина ја анализирале неиспрана.

Резултатот не бил изненадување, бактерии имало подеднакво во двете групи облека.

“Луѓето веруваат дека перењето е доволно за да се отстранат бактериите, но не е така. Иако мирисаат добро, не значи и дека се чисти“, се вели во студијата.

И додека ниските температури се добри за природната средина, не може да се каже дека се добри и за нашето здравје. Бактериите и вирусите како инфлуенца и ешерихија ќе преживеат доколку облеката и се друго перете на пониска температура од 60 степени.ves-pranje-greske-1344630666-196685

Докторите препорачуваат се што перете, да перете на минимална температура од 60 степени, а ако нешто мора да се испере на пониска температура, задолжително да додадете и средство за дезинфекција. Студијата покажала дека околу 10 000 микроорганизми се наоѓаат во секој пар “чисти“ чорапи.

Од друга страна, бактериите можат да се размножуваат и во самата машина за перење, па за да го спречите ова, еднаш месечно пуштете ја празна да пере на 90 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1