Секоја чест: Бездомник стана ученик на генерацијата


Грифин Фурлонг (18) од Џексонвил се подготвува да замине на Универзитет, а благодарејќи на одличните оценки може да избира каде ќе студира. Тој нема покрив над главата, ниту какви било  приходи, но без оглед на тоа е прогласен за ученик на генерацијата.

– Давав се од себе на часовите затоа што немав што да изгубам. Откажувањето не постоеше како опција, рече Фурлонг.

Тинејџерот имал само шест години кога мајка му починала од рак, а неговиот татко не можел сам да издржува две деца па Грифин со брат му завршиле на улица.grifin-furlong-540x320

– Бев гладен од утро до вечер и немав каде да се капам, но не сакав да дозволам тоа да влијае на моето учење. Другарите од одделението не ни знаеа дека спијам по засолништа, рече момчето.

Веднаш кога дознаа за неговиот живот, пријателите на Грифин почнаа да собираат пари. Сега во фондот за неговото образование се наоѓаат повеќе од 90.000 долари, а родителите на неговата девојка му отстапија соба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1