Сакате да заработите? – Пчеларството носи пари во Македонија


Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количества за задоволување на потребите, а потфрла и квалитетот. Можностите за профит во овој бизнис се големи ако се следат модерните трендови и редовно се инвестира во пчелните семејства. еден пчелин сандак чини 50 евра и приближно толку е да се купи и едно пчелно семејство. Ако добро се работи, 100 сандаци со 100 семејства може да произведат меѓу 2-3 тона мед годишно.

pcela med– Во последните десет години зголемен е бројот на пчели за 30 отсто, но без квалитет. До 15 отсто од пчеларите успешно се занимаваат со производство, а на другите им е хоби – додаде пчеларот Каранфиловски.

Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во 2013 година биле регистрирани 68.294 пчелни семејства, а биле произведени 784 тони мед. Во просек, од едно пчелно семејство лани се добивале 11,5 килограми мед.


  • 68.294 пчелни семејства имало во Македонија на крајот од минатата година
  • 784 тони мед биле произведени во 2013 година
  • 11,5 килограми мед во просек давало едно пчелно семејство

Чистата и здрава природна околина и погодната клима, се идеалните предуслови што овозможуваат пчеларството во кичевско-бродскиот регион да се развива со забрзани чекори и да стане една од најдоходовните гранки.

– Како ниедна друга земјоделска гранка пчеларството во нашиот регион има несогледливи перспективи, иако засега повеќе е хоби и дополнителна дејност отколку професија од која се живее. Сознанието дека медот од некогашното поимање како лек прераснува во храна, драстично ги зголемува перспективите на оваа дејност – вели Коста Галиманоски, од здружението на земјоделски производи „Виножито“ од Кичево.

Повеќе на Нова Македонија 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1