На Косово откриена масовна гробница на српски цивили?


Тужителството за воени злосторства во Србија и Тужителството на ЕУЛЕКС ја проверуваат информацијата за постоење на масовна гробница со српски жртви во селото Пискот кај Ѓаковица.istok-zac-kosovo-povratnici-srbi-napad-pucnjava-siptari-albanci-ekstre-1328585176-37289

Тужителството за воени злосторства е во соработка со Единицата за истражување на воени злосторства при Тужителството на ЕУЛЕКС дошло до информација за локација за потенцијална масовна гробница во кои се закопани посмртните останки на српски цивили во селото Пискот на територијата на општина Ѓаковица, кои настрадале за време на вооружениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.

Како што е соопштено, Српското тужителство располага со информации за евентуални посмртни останки на оваа локација кои можат да припаѓаат на жртвите на злосторствата на ОВК во логорот „Ликовац“.

Тужителството на ЕУЛЕКС по овој повод донела наредба за ексхумација, аутопсија и индентификација на евентуалните посмртни останки на одредената локација, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1